12.8 C
Ohrid
четврток, мај 16, 2024
ПочетнаМакедонија20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, почина една жена

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, почина една жена

Жена загина откако вчера на саем во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, јавија локалните медиуми.
Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга.

Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешки повреди. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка била лошо обезбедена. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.

Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер, кој изјавил дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото. Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани го имаат најдобриот градоначалник: Започнаа активности за реконструкција на зградата од поранешната касарна !!

Започнаа активности за реконструкција и адаптација на зградата од поранешната касарна во која ќе се префрли ООУ “Кочо Рацин”. Зградата ќе биде опремена со сите...

Се огласи Фатмир: Останувам лојален кон СДСМ, лага е дека ќе преминам во ВЛЕН

Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”. Моето членство во СДСМ и...

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и...

Љупчо Палевски е однесен во затворот во Шутка во 30 дневен притвор

Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку е однесен во затворот во Шутка. Министерството за...