20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаТопло добредојде во МВР за децата од заводот за рехабилитација

Топло добредојде во МВР за децата од заводот за рехабилитација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамките на проектот „Отворен кабинет“ како дел од концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, беше домаќин на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.

<

Децата, заедно со нивните воспитувачки, прво ја посетија зградата во која се наоѓа Кабинетот на министерот за внатрешни работи, при што во салата за состаноци беа пречекани од министерот Спасовски. Изразувајќи огромна благодарност за нивната посета и посакувајќи им топло добредојде, министерот Спасовски им појасни дека во салата заедно со раководството ги одржува своите состаноци, но и средби со министри од други ресори, амбасадори, странски делегации итн.

„Драго ми е што денеска имаме можност заедно да споделиме убави желби пред новогодишните празници. Сега е период во кој што си споделуваме внимание, љубов и по некој подарок“, истакна министерот Спасовски, упатувајќи им охрабрувачки пораки да продолжат да бидат добри луѓе.

Од страна на воспитувачките беше изразена огромна благодарност за приемот и овозможената средба на децата со министерот Спасовски кој го познаваат преку медиумите.

Воспитувачките открија дека пред посетата, дечињата имале дилема дали воопшто да дојдат во МВР, бидејќи сепак, станува збор за полиција. Притоа, им било објаснето дека полицијата е пријател со добрите луѓе, какви што се, впрочем, и тие, на што министерот надополни дека полицијата е токму чувар на безбедноста на добрите луѓе.

„Вие нема за што да се грижите, ние ве поканивме и ве очекувавме тука со отворено срце, со многу љубов за да се запознаете со опремата со која полициските службеници секојдневно работат, а тие ни се пријатели на сите нас“, додаде министерот Спасовски.

Децата имаа можност да се запознаат со дел од опремата на сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи, кој беше презентиран во кругот на министерството, при што се забавуваа дружејќи се и фотографирајќи се со опремата и полициските службеници.

Министерот за внатрешни работи Спасовски на децата и младинците од Заводот за рехабилитација во Скопје, пред нивното заминување од неговиот кабинет, им подели новогодишни пакетчиња и репрезентативен материјал од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...