8.6 C
Ohrid
вторник, ноември 5, 2024
ПочетнаМакедонијаНесудениот учител Дашмир од Тетово работи на нива и до 15 часа...

Несудениот учител Дашмир од Тетово работи на нива и до 15 часа дневно.

За да се вработиш мора да бидеш партиски определен, а во земјоделието нема партиски, мора да се работи, вели Даути за Зелена Берза.

57 годишниот Дашмир Даути од тетовското село Џепчиште е неуморен земјоделец. Така го викаат неговите колеги земјоделци, од кој голем дел од нив заедно со него продаваат на тротоарите и улиците во близина на Тетовскиот зелен пазар, поради проблемот со недостигот на откупни центри во Тетовско.

Како што вели, цел живот се занимава со земјоделие. Имал неуспешен обид да ја промени професијата уште во младоста, откако завршил во тоа време Виша педагошка школа.
Имал понуда да работи како наставник во едно од основните училишта во Тетово, но не можел да ги остави родителите болни и сами, бидејќи татко му парализиран.

-Вака со земјата продолжив да се занимавам, па ако и за лошо и за арно им бев итно потребен на моите родители, тука бев, од нива до дома за десетина минута, раскажува Даути.

Одтогаш вели, па се до денес, не се откажува од земјата.

Сега сами со својата сопруга обработуваат над 20 декари ниви, откако синот му заминал да живее во Швајцарија. Го прашавме како успеваат двајца да се грижат за толку голема површина, а тој со насмевка ни одговори, голема површина ,но и долги часови за работа. На ден некогаш работам и по 15 часа, вели тој.

-Јас секој ден одам со жената на нива, нема за нас сабота, недела или празник. Наутро станувам во 6 часот и одам на поле во 7 часот, а на лето од 7 до 20 навечер сум на нива. Некогаш кога треба да наводнувам, жената ќе ја однесам дома, а јас со моторот одам на нива и вадам до 22 часот и ќе дојдам дома, ќе спијам од 5 до 6 часа и пак треба да одам на работа. Еден сосед ме прашува, ми вели како можеш да постигнеш. Јас работам и до 15 часа. Кога имав крави, тогаш работев најмногу. Кога ќе дојдам од нива жената ќе направи вечера, а јас морав да ги хранам кравите. Да бев во Швајцарија со толку работа таму ќе имав подобар живот и немаше да бидам вака слаб и блед, јадење и пиење на време, а јас кога одам на поле заморен сум и кога ќе дојдам дома не ми се јаде, раскажува земјоделецот Даути.

Земјоделците кога немаат работа на нива, се одмараат, но неуморниот Даути и кога нема работа на нива, тој се уште е со земјоделските производи кои ги продава на пазар.

-Јас денес ќе бидам овде на пазар, а утре нема, со жената малку зелка ќе сечеме. Сега на есен еден ден одам на поле, два дена на пазар, и на лето на пазар и на поле, комбинирано. Кога сум на поле ќе ми седат производите покриени, не се продаваат, не можам и на нива и на пазар во еден ден, вели Даути.

И покрај тоа што работи постојано, вели од земјоделието тешко се заработува, а како што одат работите, односно поскапувањата на цените, се полошо и полошо ќе биде.

-На пример на зелката му фрлил вештачко ѓубре, порано имаша бугарска шалитра и таа беше 50 килограми 850 денари, а сега купив 25 килограми за 700 денари. Значи цената е многу покачена и сега како ќе опстанеме не знам, се се покачува и натаму ќе се покачува најлонот, нафтата, сега на пролет ќе ми биде потешко. И со откупот е проблеми. На пример има откуп на зелката, но за пари треба да чекам една година од откупувачот. Сега треба да ја носам зелката и после година дена да ми дадат пари, а мене ми треба секој ден некој денар, треба да јадам, да платам телефон, да платам струја, треба да купам тутун, едно кафе да се напијам, нешто за дома. Треба еднаш неделно да се јаде месо. Нема конкуренција, кога би имало повеќе откупни центри би било подруго, сега јас зелката да ја носам до Струмица не ми се исплаќа.За собирање на бостанот е малку потешко. Тогаш не може сопругата да собира, жена е и тогаш морам да викнам аргати за да ми поработаат неколку дена. Ќе земам двајца по 500 денари ќе им дадам, вели Даути.

Вели за останатите земјоделски работи немаат пари да платат аргати и затоа целата земјоделска површина ја обработуваат сами.

-Ако им платиш на аргатите дневница која ја бараат и до 25 евра што ќе остане за мене и мојата сопруга, ништо додава, Даути.

И покрај тешкотиите Даути вели, од земјоделието нема да се откажам, затоа што таа е чиста работа,тука нема „далавери“.

-Моментално се занимавам само со земјоделие, сум имал и крави, но не се занимавам сега со крави, затоа што млекото е многу евтино 20 денари и нема рачун, а вака со земјоделие можам да преживеам и една фамилија да прехранам. Мора партиски да бидеш за да се вработиш, излези ти да влезем јас на работа, зависи која партија ќе дојде на власт. Тоа јас не можам да го правам, да ти го земам јас лебот од уста. Јас можев во партија да влезам, ама не сакав. Така да подобро ќе копам и ќе работам и ќе бидем задоволен и никој нема да ме гледа накриво. Сега не се занимавам со ниту една партија, дополни Даути.

Но, Даути сепак и поради годините постепено ги намалува засадените површини.
Засадува бостан на околу 10 декари, домат над 1.200 корени, тикви на 4 декари површина , нешто праз и слични градинарски култури.
Земјата не ја давам ќе останам до крај со неа, оти од неа го вадев лебот и ги извадив децата на прав пат, додава Даути.

Зоран Димовски за Зелена берза

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...