22.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаФуркан Салиу: Ако се сруши Крстот на Шапка ќе има конфликт, но...

Фуркан Салиу: Ако се сруши Крстот на Шапка ќе има конфликт, но едно ќе ви кажам-Крстот не треба да се руши кога веќе е изграден- Џамијата не треба да се руши кога веќе е изградена !!!

Ако сакате еден конфликт никогаш да не заврши направете го тој конфликт религиозен.
Одлуката за да се руши крстот на Шапка е токму таков обид, етничкиот конфликт кој што постои од 90-тите па се до денес, да се надгради во религиозен.
Тактиката е едноставна… Држи го народот исплашен, во дефанзива. Да не размислува како живее напредниот свет, да е благодарен само за мирот а де не се грижи за празниот фрижидер и скинатите патики на своето дете.
Крстот не треба да се руши кога веќе е изграден. Џамијата не треба да се руши кога веќе е изградена.
Нека биде тоа една убавата слика на оваа мултиетничка, мултирелигиозна држава. Тоа единственото убаво нешто што ни остана од оваа испокрадена држава.
А да, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ИЗБОРИ ИМАМЕ. Ова е најмалку што очекувам од политичките банди кои го тероризираат народот и ја приватизирана државата со години. А за жал во оваа игра се вклучени и верските заедници.
Пишува Фуркан Салиу

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...

Запален автомобил на полицаец од Велес

Автомобил во текот на ноќта целосно изгоре на улицата „Милан Страчковски“ во близина на плоштадот „Којник“. Причините зошто возилото се запалило се уште се непознати. Батали.нет...

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и...