29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција..
Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75.

<
Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75.

 

Просечниот коефициент на интелигенција е објавен за речиси сите земји од World Population Review, при што вкупниот резултат е извлечен од збир на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки, како и читање. Меѓу податоците кои се користат за изработката на просечниот коефициент на интелигенција, се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.

Во европски рамки, највисоко според просечниот коефициент на интелигенција стојат жителите на Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија. Јапонците пак се најпаметни во целиот свет, со просечен IQ 106,48. По нив, следат жителите на Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1) и Јужна Кореја (102,35).

На самото дно според просечниот коефициент на интелигенција во светски рамки се наоѓа населението на Непал (42.99), Либерија и Сиера Леоне (45,07) и Гватемала (47,72).

Меѓу балканските земји, податоци за просечниот IQ на населението нема за Косово. Блиску до нас според коефициентот на интелигенција се Босанците (88,54), Турците (86,8) и Црногорците (85,78). Повисоко на листата се наоѓаат жителите на Србија (89,6), Грција (90,77), Бугарија (90,99) и Хрватска (95,75).

извор:Мета

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...