14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаКочо Анѓушев сака целосно да ја продаде својата компанија за трговија со...

Кочо Анѓушев сака целосно да ја продаде својата компанија за трговија со електрична енергија

spot_imgspot_img

Кочо Анѓушев сака целосно да ја продаде својата компанија за трговија со електрична енергија, РЕС. Сопственоста врз РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје ќе ја преземе бугарска фирма, односно КЕР ТОКИ ПАУЕР АД од Софија, која и сега е еден од партнерите во РЕС, покрај семејната компанија Централинвест на бизнисменот Анѓушев.

Но, тоа ќе се случи доколку „виза“ за оваа зделка стигне од Комисијата за заштита на конкуренцијата, каде пред неколку дена било доставено известување дека се планира КЕР ТОКИ да стекне контрола врз РЕС, а Комисијата тоа вчера го објави и на својата веб страница.

КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.

„Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје“, се вели во објавата на КЗК.
Оттаму наведуваат и какви дејности вршат учесниците во концентрацијата.

За КЕР ТОКИ ПАУЕР се нагласува дека нуди широк спектар на висококвалитетни услуги во областа на стекнување, продажба и дистрибуција на опрема што се користи при изградба и работа на фотонапонски централи, како и други апликации и капацитети базирани на електрична енергија произведена од сончева енергија, потоа стекнување, изградба, работење и управување со фотоволтаични или соларниелектрани, решенија поврзани со енергетската ефикасност, системска интеграција и развој на софтвер, развој и обезбедување на интернет услуги и информациски технологии, поддршка на компјутерски системи, консалтинг, посредничка дејност како и секоја друга комерцијална активност која не е забранета со законите на Република Бугарија и за која не е потребна претходна дозвола, односно лиценца, а во случај кога е потребна дозвола за некоја од горенаведените активности, таа ќе се спроведе по добивање.

„КЕР ТОКИ ПАУЕР АД нема претпријатија-ќерки, филијали или претставништва лоцирани во Северна Македонија, ниту пак остварило приход во 2022 година на пазарот на Република Северна Македонија“, се потенцира во известувањето кое го дава Комисијата за заштита на конкуренцијата.

За дејноста на Друштвото за трговија и снабдување на електрична енергија РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје, пак, од Комисијата навеле дека тоа е трговија со електрична енергија. Според подносителот на известувањето за целите на оценка на предметната концентрација, релевантниот пазар на производи може да се дефинира како пазар на снабдување и трговија со електрична енергија.

„Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, се вели во објавата од Комисијата.

Не е познато на каква можна концентрација мислат од Комисијата, но тоа ќе се знае кога ќе го кажат конечниот став.
А, како што е познато, бизнисменот Кочо Анѓушев, кога стана вицепремиер во Владата на Зоран Заев, ја поседуваше компанијата ЕДС, и веднаш ја продаде на грчката ППЦ, со цел да нема конфликт на интереси.

Но, кога излезе од политиката, ја основаше РЕС, која сега е една од неговите компании.

На веб страницата на РЕС е објавено дека таа е современа и иновативна компанија – лидер во трговијата со електрична енeргија во земјава.

„Ние сме единствена компанија на македонскиот пазар која им нуди на компаниите снабдување од сопствени извори на обновлива електрична енергија кои гарантираат сигурност и најдобри цени на пазарот“, се вели во објавата.

Натаму, се додава дека компанијата е предводена од проф. д-р Кочо Анѓушев, Јури Богомилов Катанов и Александар Петрески.

„Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Северна Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар“, стои на веб страницата на РЕС.

Па всушност и таму за Централ Инвест се нагласува дека е групација во сопственост на проф д-р Кочо Анѓушев и неговото семејство.

„Кочо Анѓушев е еден од најголемите инвеститори во Македонија во сферата на производство на електрична енергија од еколошки обновливи извори. Преку компаниите кои што се во негова сопственост, како и во партнерство со други инвеститори, во моментов располага со портфолио од 25 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од близу 24 MW, инвестиција во биогасна електрана од 2MW, како и фотоволтаична централа од 8MW“, се наведува на веб страницата на РЕС.

За Токи, пак, се објаснува дека е брзорастечка компанија специјализирана во снабдувањето со електрична енергија од обновливи извори и пазарен интегратор на овој тип на производители на електрична енергија во Бугарија.

„Оваа компанија е сопственик на најмодерната дигитална платформа за снабдување со електрична енергија на бугарскиот пазар и интегратор на значаен дел од произведената електрична енергија во Бугарија од обновливи извори (вода, сонце, ветер и биогас). Токи е членка на Реналфа групацијата во доминантна сопственост на Иво Прокопиев која е активна во инвестиции во обновливи извори на енергија и е-мобилити. Реналфа има завршено проекти на инсталирани фотоволтаици од над 6.000 MW за други инвеститори и за сопствени потреби во Европа и Блискиот Исток и со тоа таа е една од водечките европски компании во инсталација и одржување на фотоволтаици“, се наведува во објаснувањето за профилот на компанијата РЕС.

Зошто бизнисменот Кочо Анѓушев се одлучил на чекор да му го отстапи својот дел од компанијата на партнерот КЕР ТОКИ, засега не е познато.

На петти декември минатата година САД го ставија Анѓушев на нивната црна листа, поради, како што наведоа, негова вмешаност во корупција додек ја извршувал функцијата вицепремиер во периоот од 2017 до 2020 година.

Анѓушев, пак, најави дека ќе се жали на оваа одлука.

„Во текот на мојот мандат во Владата од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја. Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1.000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби. Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец“, наведе тој во соопштението до медиумите.

Н.Н.Ф. Извор Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...