15.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија ќе бара Бугари и во Косово

Бугарија ќе бара Бугари и во Косово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По испорачување на барања за Македонија и Албанија, официјална Софија сега бара признавање на бугарско малцинство и на Косово, алудирајќи на Горанците.

<

И Радев и Јотова кои отворено побараа поддршка за нивната агенда од косовските власти, фокусот го ставаат на Горанците кои се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Под истата агенда како што ги убедуваа македонците од Мала Преспа, Радев на отворање на бугарска канцеларија во декември, ги повика граѓаните да се изјаснат како бугари на пописот во април, а за тоа ветува голема помош за населението и школување на младите во Бугарија.

Бугарските челници бараат и Бугарите да влезат во Уставот на Косово и да добијат загарантирано место во Советот на заедниците.

А таму пак никој не се изјаснувал како бугарин во документите. Во изјава за Еуроњуз Србија, професорот Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик при САНУ вели дека тие не се чувствуваат како Бугари.

Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство или повеќе од 80 отсто, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија се Македонци со муслиманска вероисповед. Дел од нив имаат и македонско државјанство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија-Се урнал плафанот од бањата

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во...

Пратеничката Жаклина Пешевска се фати на оро со Македонците во Овчарани, Грција

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од традиционалната веселба на Македонците за...

Во Вевчани запален голф со охридски регистарски ознаки !!

На 22.07.2025 во 02.53 часот во Полициската станица Струга, Н.П. пријавил дека пред неговата куќа во Вевчани, било опожарено неговото патничко возило „Фолксваген голф"...

Славевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

Македонија Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму Автор: Деск 4NEWS.MK 22/07/2025 14:59 Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена...