25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОрганизаторот со длабоко извинување: Забраната за снимање на македонското знаме на „Австралија...

Организаторот со длабоко извинување: Забраната за снимање на македонското знаме на „Австралија опен“ била техничка грешка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Организаторот, како што додаваат од МНР, појаснил дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот
Ненамерен пропуст, односно техничка грешка била забраната за снимање на државното знаме на Северна Македонија на „Австралија опен“, информира Министерството за надворешни работи.

<

„По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир ‘Австралија Опен’, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, ‘Австралија Опен’. Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот“,

се наведува во соопштението на МНР.
Организаторот, како што додаваат од МНР, појаснил дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот.

„Воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Илина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања“,

информира македонското МНР.
Дел од македонските медиуми вчера, повикувајќи се на објави од групи на Македонци во Австралија на социјалните мрежи, информираа дека македонското државно знаме, како и знамето од Кутлеш (Вергина) се забранети за снимање на „Австралија опен“.

Според објавите на Фејсбук, организаторот на турнирот на снимателите од Канал 9, кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината, им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините.

На флаерот со инструкции биле знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел, како и на Македонија. Освен државното знаме на Македонија, забрането било да се снима и знамето со 16-кракото сонце, во неговата црвена и сина (грчка) варијанта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...