11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУченикот што соблече девојче во тоалет во Аеродром, се врати во истото...

Ученикот што соблече девојче во тоалет во Аеродром, се врати во истото одделение наместо да го префрлат во друго училиште

spot_imgspot_img

Во основно училиште во скопската населба Аеродром, пред два месеци донесоа одлука да отпишат ученик од училиштето, затоа што тој ѝ ја соблекол долната облека на соученичка во второ одделение откако ја следел во тоалетот. На настанот му претходеле насилни сцени и кон други ученици, а момчето ја удрило дури и директорката. Една од наставничките ја влечел за коса.
Родители што имаат деца во паралелката велат дека немаат избор освен да реагираат преку медиумите, а ако тоа не помогне, да ги отпишат своите деца од тоа училиште. Ним им беа ветени мерки, односно им беше кажано дека проблематичниот ученик ќе го префрлат во друго училиште. Но, со стартот на второто полугодие ученикот се вратил на настава во истото училиште и во истата паралелка заедно со девојчето кое пред два месеци било негова жртва. Станува збор за девојче во 2 одделение кое во Македонија е доселено од друга држава и кое наместо да се социјализира, се справува со тоа да оди во ист клас со ученикот кој неодамна ѝ ја соблекол облеката во тоалетот.

Сега и други родители велат дека ако ученикот остане во истиот клас, нема да им преостанува ништо друго освен да ги отпишат своите деца од паралелката и од училиштето.

-Цело време мислам дека ќе ја нападне и ќерка ми. Сите родители тоа го мислат. Не се безбедни децата. Секој момент може да се случи нешто. Размислувам да ја отпишам ако остане ваква ситуацијата. Едноставно не ни даваат друг избор. Поднесов изјава и добив одговор дека стручната служба постојано работи со него. Им зборувал на другите девојчиња секакви срамни работи кои не би ни требало да ги знае на таа возраст. Имаше инцидент во кој ќерка ми ја плеснал по задникот и тоа го правел често пред случајот со соблекувањето на облеката во тоалетот. Нашите деца воопшто не се заштитени. Никогаш ќерка ми не е викната на разговор да ја прашаат како е. Бараме да постапат по одлуката и да ги заштитат децата од насилство. Не знам кој ја кочи работата, веројатно Министерството за образование, изјави за „Слободен печат“ Елена Манаскоска, родителка чија ќерка учи во тој клас, во второ одделение.

Таа додава дека Народниот правобранител ја информирал писмено, дека училиштето решило ученикот да се префрли во друго училиште, но дека на почетокот на второто полугодие тој се појавил на настава во истото школо.

-Информациите од одделенските наставници по неколкукратно наше реагирање е дека ученикот исто се однесува дека нема промена во однесувањето и не знаат ништо друго околу тоа зошто е вратен. Тоа го имам како информација, ни рече Манаскоска.

Од училиштето велат дека ученикот е вратен на настава кај нив, но дека овие неколку денови немало никаков проблем со неговото однесување. За тоа што ќе се случува понатаму, чекаат одговор од Министерството за образование. Велат дека чекаат согласност да се ослободи место во другото училиште и ученикот да се префрли. И девојчето кое што било нападнато од страна на ученикот исто така оди на настава во истиот клас. Неколку пати ја повикале во педагошката служба на советување и се било во ред.

Согласно Упатството за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, училиштето може да го премести сторителот во друго училиште и оваа мерка може да се користи во случаи кога насилството се повторува заради мерка за заштита на жртвата од насилство.

Во случај за изрекување на оваа мерка, училиштето соработува со локалната самоуправа и МОН кои посредуваат со другото училиште и го информираат. Вработените во другото училиште мора да бидат целосно информирани за случајот, да се координираат со контакт-лицето за пријавување насилство во училиштето и да продолжат да ги спроведуваат мерките за промена на однесувањата на сторителот.

Училиштето имало состанок со претставници од МОН и Општина Аеродром, при што е одлучено детето да се префрли во друго училиште на барање на родителите по завршувањето на првото полугодие.

Народниот правобранител поради тоа ја затворил и постапката што родителите ја покренале пред него, затоа што бил информиран дека детето ќе биде префрлено во друго училиште. Но, тој се вратил во истиот клас по зимскиот распуст.

На Народниот Правобранител училиштето му кажало дека во континуитет работеле со детето уште од неговото започнување со образование во прво одделение, давале стручна поддршка на самото дете, неговите родители, но преземените мерки не придонеле да се смири неговоот агресивно и импулсивно однесување. Од училиштето дури и му соопштиле на правобранителот дека менувањето на училишната средина може да биде во прилог на самото дете, како и на неговите соученици кои во одредена мера биле жртви на неговото насилно однесување.

„Слободен печат“ праша во МОН зошто не е реализирано префрлувањето во друго училиште. Според МОН стручните служби продолжуваат да го следат однесувањето на ученикот и комуникација со неговите родители, но и со работа со останатите ученици и нивните родители.

Надлежната служба во Министерството за образование и наука е запознаена со ситуацијата и вклучена во процесот на изнаоѓање решение за надминување на предизвикот, согласно ингеренциите. Разговарано е и со раководството и стручната служба во училиштето, но и со родителите на ученикот. Дадени се препораки и сугестии, но не е точно дека МОН го попречило преминувањето од едно во друго училиште. Барањето на родителите беше префрлање во друго училиште. Таму пак, пополнети се сите места во класовите, така што не постои можност за запишување на дополнителен број ученици. Детето ја продолжи наставата во старото училиште во ова второ полугодие и според информациите од тамошните стручни служби, состојбата е значително подобрена, рекоа од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...