21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаИ ВМРО-ДПМНЕ поднесе измена на закони за продолжување на важноста на возачките...

И ВМРО-ДПМНЕ поднесе измена на закони за продолжување на важноста на возачките дозволи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, поднесе предлог за измена на две законски решенија за продолжување на важноста на возачките дозволи. Претходно и од пратеничката група на СДСМ најавија дека ќе поднесат итна измена на законите.

<

„Како што кажа и министерот за внатрешни работи, се работи за измена на две законски решенија, Законот за патни исправи и Законот за возачките дозволи односно за безбедност во сообраќајот.
Итна е постапката, гледате и Вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието.

Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден.
Инаку по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

Во текот на утрото, имав разговор и со претседателот на Владата, премиерот, кој што го очекуваме да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдеме решение, меѓутоа за да се случи тоа, потребно е барање за свикување на итна седница и ние тоа го направивме.
Со 20 потписи од пратеници можеме материјалите кои што се по однос на оваа седница да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница.

Затоа очекувам во текот на денешниот ден, да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава. “, рече Мицевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...