18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПобеда на родителите во Чашка!

Победа на родителите во Чашка!

spot_imgspot_img

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба.

Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период.
Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.

Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.
Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година.

Дека проблемот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка е решен и официјално, потврди и пратеникот Игор Здравковски, кој објави дека блокадите запираат, учениците продолжуваат со наставата, тензиите стивнуваат…

После три месеци борба за правда, таа е издејствувана.

Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ „Тодор Јанев“ кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили.
Благодарност и до сите вклучени во процесот на преговори, во кој и јас бев вклучен, и пред се сакам да изразам задоволство од разбирањето и давањето шанса на дијалогот.
Статутот на училиштето ќе остане непроменет!
Ингеренциите ќе бидат вратени на општината и ќе биде назначен нов директор на училиштето.
Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на Тодор Јанев, но административно ќе бидат под Лирија затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик.
Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување
Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија.
За крај уште еднаш, капа долу до сите родители кои беа крајно трпеливи и решителни. Покажавме дека некогаш блокадите се единствен начин да се крене гласот и да се најде решение на проблемот.
Да живее Чашка!
Чашка е срцето на Македонија!, порача тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...