33.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаДевојка од Арачиново со возило прегазила полицаец

Девојка од Арачиново со возило прегазила полицаец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

При полициска акција на подрачје на Гази Баба, вчера бил приведен 34-годишен маж откако во неговото возило бил пронајден хероин. Се со цел за обезбедување на докази, полицијата запрела возило во кое се наоѓале две девојки при што одбиле да се легитимираат, па едната девојка со возилото прегазила полицаец по што избегала, но брзо била пронајдена и приведена.
На 14.02.2024 на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба бил извршени претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон” со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода“, информираат од МВР.

<

По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215 и 383 од КЗ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...

Николоски: До крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, а за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе девет месеци засилено работиме со Европската банка за обнова и развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме фиксен рок до 30...