8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаКонкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

spot_img

Финализирано е вчера, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии, ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени. За ова попладнево информираше новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

<

– Голема благодарност и пофалност за сите оние, кои со години придонесуваат во здравствениот систем без пензиско осигурување, нагласи Демири.

Тој беше прашан како гледа на постапката за 1.117 вработувања во здравството.

– Ако може некој да се пофали за едно достигнување, може да се пофали оваа власт, со обезбедување на право и финансиска поткрепа за вработување на 1.000 и нешто здравствени работници, кои на некој начин, изминатиов период биле обесправени со договори на дело. Во државата има правила и прописи. Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, но тој конкурс оди во мирување, сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени, подвлече Демири.

Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.
Како што тој информираше, договорите се продолжени на државно ниво, конкурсите се стопираат. После изборите, како што истакна тој, ќе се отворат конкурси и ќе се пристапува со законски одредби.

– Не знам колку ќе имам време и што ќе направам, но, во нешто ве уверувам, дека Министерството за здравство ќе биде сервис на сите граѓани кои имаат потреба и законските прописи ќе бидат почитувани максимално. После изборите, кој ќе го води Министерството, тој ќе креира политика за развој, додаде Демири.

Тој рече оти е трет ден откако ја извршува функцијата министер за здравство и „сите проекти што се базираат на факти и студии и што треба да се продолжат, сите проекти ќе се продолжат“. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, изјави тој, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...