25.3 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведени десет лица поради сексуална експлоатација и трговија со дете

Приведени десет лица поради сексуална експлоатација и трговија со дете

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приведени десет лица поради сексуална експлоатација и трговија со дете

<

На 11.05.2023 Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со Секторите за внатрешни работи Тетово и Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 лица.
Во временскиот период од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице се наоѓа надвор од Република Северна Македонија.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш. (51) од Тетово за кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ ( член 418-г став 3) од Кривичен законик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...