28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАндоновски: Се пофалија дека со медихоптер го префрлија Леонид во Виена, а...

Андоновски: Се пофалија дека со медихоптер го префрлија Леонид во Виена, а потоа Фондот му го одби барањето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид Индов е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.

<

Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

–Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, напиша Андоновски во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук.

Инаку, транспортот на Леонид до Виена беше прв од таков вид во државата. Опремата на медихоптерот е донација од Европската Унија, а лекарски тим од „8-ми Септември“ го придружуваше 19-годишниот Леонид се до клиниката во Австрија- Јавува Скопско Ехо !!!!

За Леонид со месеци се собираа средства бидејќи операциите и третманот за ваков вид повреда беа многу скапи. Тој беше опериран во болница во Солун каде беше пренесен веднаш по несреќата. Од повредата не можеше да ги движи рацете и нозете. Леонид Индов е ученик во Математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси, а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...