17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПрвиот ден најмногу потписи собрал Бујар Османи

Првиот ден најмногу потписи собрал Бујар Османи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државната изборна комисија соопшти денеска дека од утре, 25 февруари 2024 година, на својата веб страница, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.
„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира. Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за Претседател на државата собираат потписи за кандидати“, соопштија од Државната изборна комисија.

<

Според ДИК, вчера на првиот ден од отпочнувањето со собирање потписи, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи – 3261 потпис, следат Максим Димитриевски од ЗНАМ-за наша Македонија со 1594 и кандидатката поддржна од Левица, Билјана Ванковска Цветковска со 1105 потписи.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

Вело Марковски 98
Билјана Ванковска Цветковска 1105
Томе Николоски 0
Бујар Османи 3261
Господин Поповски 0
Максим Димитриевски 1594
Стевчо Јакимовски 658
Ѓорѓи Манасков 21
Арбен Таравари 1
Мерсиха Смаиловиќ 0
Зорица Цветковска 0
Постапката за собирање потписи, која почна вчера ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...