24.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаСмрдеа се шири од хотелите во Маврово, фекалните води одат директно во...

Смрдеа се шири од хотелите во Маврово, фекалните води одат директно во езерото

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државниот инспекторат за животна средина деновиве доби уште една пријава за загадување на околината на Мавровското Езеро. Жители на селото Маврово и сопственици на викенд куќи во близина на хотелот Миас фејворит тврдат дека отпадните води хотелот ги исфрла слободно под патот и од таму одат директно во езерото.
Јавува Мкд.Мк
Тука веќе неколку години се шири непријатна миризба.
Во пријавата се бара вонреден инспекциски надзор за третманот на отпадните води од хотелот. „Освен непријатната миризба од фекалиите, сето ова претставува голема опасност и за ширење на зараза кај посетителите и децата кои рекреираат во овој крај, но и во езерото“, се вели во пријавата на граѓаните.
Тие бараат одговор дали хотелот Миас фејворит има прочистителна станица за отпадни води согласно капацитетите на хотелот и законските норми и дали е во функција? Дали хотелот има елаборат за заштита на животната средина? Дали одговорни лица од хотелот редовно вршат мерење за квалитетот на отпадните води?
Немањето прочистителни станици за отпадните води од хотелите околу Мавровското Езеро претставува сериозен проблем за животната средина. Проблемот стана уште посериозен последниве години кога нивото на езерото беше многу ниско, па „плодовите“ од угостителството и хотелиерството беa видливо дури и по површината на езерото.

<

Инспекторите ова го потврдија и во извештајот од април 2021 година. На листата на хотели без пречистителни станици околу Мавровското Езеро се најдоа и Миас фејворит, хотел Радика кај Леуново, хотел Реј, хотел Бистра…
Во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина од април 2021 година пишуваше дека дел од хотелите, другите туристички и угостителски објекти, како и стопански фирми во општината Маврово и Ростуше кои со отпадните води ги загадуваат Мавровското Езеро и реката Радика добиле решенија со кои се обврзани да инвестираат во технички решенија кои ќе значат прочистување на водите кои ги испуштаат.

Рокот за спроведување на препораките беше – шест месеци.

Ја чекаме соодветната реакција на надлежните на поднесената пријава од пред неколку дена за хотелот Миас фејворит.

Но, ништо не е сменето ни кај другите хотели од листата од 2021 година.

А.Д Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Казнети 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи...

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...