21.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од МАЕИ, и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај.

<

„Оваа иницијатива доаѓа со цел да се оддаде и овековечи споменот на Гоце Делчев, македонскиот херој и клучна фигура на македонското револуционерно движење. Со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат“, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата МАЕИ.

Додава дека од многуте песни кои се пеат меѓу Македонците во Албанија за ослободувањето на Македонија, а кои потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во многу од нив е опеан Гоце Делчев и тие сѐ уште се пеат во Мала Преспа.

„Заслуга за зачувувањето на споменот за Гоце Делчев меѓу Македонците од Албанија има и големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, кој во своите романи издадени во Албанија ја опишува соработката на македонските и албанските револуционери за ослободување од турското ропство и улогата на Делчев. Дека споменот за Гоце е вечен потврда е и фактот што во 1988 година, на иницијатива на Васил Папа од село Туминец, од областа на Преспа, рибарскиот брод за риболовното претпријатие во Преспа го добил името Гоце Делчев“, додава Стерјовски.

Посочува дека по распадот на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа и појавата на демократските процеси, Македонците од Албанија се организираат во културни, општествени и политички организаци и името на Гоце Делчев станува симбол на борбата за човекови права на Македонците од Албанија.

„Неговата фотографија е поставена во македонските домови, во училиштата, кафаните, на разни манифестации. Песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави. Учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Делчев. На ѕидовите во гимназијата во Пустец се поставени паноа со македонски дејци, меѓу кои и Гоце Делчев и испишана е неговата епохална изјава за неговото разбирање на светот како поле на културен натпревар меѓу народите, прикачени се творби на македонски јазик за Гоце Делчев од ученици. Името Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа“, нагласува тој.

Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со кој плоштадот во Пустец го доби името Гоце Делчев, а поставувањето на оваа биста, според Стерјовски, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.
Весник Илинден

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Додека ние бевме на власт, за 7 години, изгоре помалку шума отколку само за една година откако е ВМРО власт

Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите, се вели во соопштението од СДСМ кое го...

Херој од Чучер-Сандево: Младиот волонтер Иван Кукуновски во стабилна состојба по вдишан чад

Младиот волонтер Иван Кукуновски, кој вчера се здоби со здравствени компликации при гаснење на пожарот во општина Чучер-Сандево, е во стабилна состојба и моментално...

МВР: Постапуваме по случајот со нападот на советничката Витина

Полицијата постапува по наводите за напад на советничката Ирена Витина при интервенција на див приклучок на водоводната мрежа. Во изјава за „Локално“, од Министерството...

Познатата македонска актерка откри дека била во љубовна врска со Бранко Црвенковски

Познатата актерка и водителка Весна Петрушевска откри интимна и досега непозната од својот живот, дека во младоста била во љубовна врска со поранешниот премиер...