16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБитиќи: Додека некој се занимава со црн петок, вештерки и пророштва, некој...

Битиќи: Додека некој се занимава со црн петок, вештерки и пророштва, некој носи странски инвестиции

Додека некој се занимава со црниот петок, вештерки и слични пророштва, денеска се објавени официјалните податоци за странските директни инвестиции во Република Северна Македонија за цела 2023 година. Според Народната банка, вкупниот проток на СДИ за 2023 година изнесува 616,72 милиони евра“ напиша вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.
Ваквата бројка ја става 2023 година како втора најуспешна година за странските инвестиции по 2022, кога тие достигнаа 753,82 милиони евра.
Доколку се погледнат податоците низ години, од 2006 до 2016 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вкупните странски директни инвестиции достигнаа 3.024,25 милиони евра или во просек 274,93 милиони евра годишно.

За споредба, во перидоот од 2017 до 2023 година, по доаѓањето на власт на СДСМ, вкупниот проток на странски директни инвестиции е 3.237,03 милиони евра или во просек околу 462,43 милиони евра за секоја од последните седум години.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ги сподели овие информации на социјалните мрежи и додаде дека потребни се дела, а не зборови.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...