18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаМарија, мајката на убиеното дете Александар од Прилеп: Убиецот имал список со...

Марија, мајката на убиеното дете Александар од Прилеп: Убиецот имал список со 10 деца кои требало да ги отепа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот син заврши во црната земја оти тие што требаше да преземат соодветни мерки против тој што го уби, не презедоа апсолутно ништо.

<

Тоа дете-убиец требаше да се лекува, а не слободно да шета наоружан со ножеви и да убива по напишан список“, обвинува мајката на 14-годишниот Александар Димов, во чиј дом веќе неколку дена се слуша само лелекањето и плачот. Скршени од болка и тага, и се уште во голем шок и неверување за огромната трагедија што ги снајде, семејството Димови, никако не успева да се помири со загубата на своето чедо.
Таткото Тоше сите овие денови или е на гробишта, или е во Итната помош, вели ќе му пукне срцето од жал, а двете помали братчиња и сестричката на Алекснадар, несвесни што се случува, само немо гледаат во фотографијата од својот најголем брат. Мајката Маријана пак, вели дека се држи, но како, само душата и’ знае, a таа – силно и’ крвари.

„Уште сум во шок јас. Како мајка не можам да се помирам дека ми го нема повеќе детето. Еднаш се скарале на продавница, сакал со пивско шише да го удри, само едно другарче го тргнало и така го спасило. И сега, некни му рекол – дојди Прилеп да се видиме. Не можеше тука да го стори убиството, му направи стапица во Прилеп.
Го планирал овој убиството. Правда, да не излезе од затвор, никогаш да не излезе, само правда барам, оти ако го пуштат, тој и други деца ќе отепа, оти си имал список, си планирал, список си имал со 10 деца да отепа“, – низ солзи раскажува Маријана Димова, мајка на убиениот Александар Димов.

Целата сторија проследете ја на Алфа ТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...