30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВозот на Лазаревски гази се пред себе:8 златни медали за македонската традиционална...

Возот на Лазаревски гази се пред себе:8 златни медали за македонската традиционална Таеквон-до Федерација од натпреварот на “ТИРАНА ОПЕН 2024”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов на 02.03 (сабота) ја започна натпреварувачката 2024 година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2024” во соседна Албанија.
Настапивме со 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии , двајца тренери и две официјални лица.Учество на овај натпревар зедоја 27 клубови од 7 земји од Европа , Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби, направија повторно да се гордееме со нив , освојувајќи 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали , истотака оосвојувајќи 5 пехари за најдобри поединци и тоа Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска , Бојана Китаноска, Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место. Резултати од нашите клубови кои учествуваа на “Тирана Опен 2024” ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици ТК “МАСТЕР” од Охрид 1 златен, 3 сребрени ТК “ЧОНЏИ” од Косел Охрид 1 златен, 1 сребрен Пехар за најдобар поединец /кадет ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга со 2 бронзени медали..

<

Можеме да ги пофалиме организаторите за одлична организација и за квалитетниот натпревар, кој после 2-3 месеци пауза ни беше повеќе од потребен. Сакаме да изразиме благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и Општината Охрид а воедно кориситме прилика да го најавиме Државното првенство во Таеквон-до ИТФ на 16 март во мала сала С.Р.Ц.Билјанини извори , исто како минатата година ќе биде органзирано од страна на клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија, и ја има честа да биде организатор.Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф , после државното првенство ќе учествуваме во Корча на Албанија Опен кое ќе ни биде одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-22.04 2024 година, изјавува Марјанчо Лазаревски претседателот на М.Т.Т.Ф.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...