26.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонија„Пасоши кои требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под...

„Пасоши кои требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В“: Бојманцалиев појаснува зошто бара контрола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место и не им се дадени на граѓаните и тоа е недозволиво. Ова денеска го истакна Митко Бојманцалиев по неговото барање до Внатрешната контрола на МВР да се испита зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните.

<

– Вие плаќате, МВР го изработува, експедиција го носи и кога треба да го земете некој не ги наредил дали по соодветен број или во правилна просторија или се што ќе утврди Внатрешна контрола, тоа не недозволиво – појасни денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев во одговор на новинарско прашање.

Како што рече тој, до него стигнувале пораки, а тоа го кажал и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема.

Значи, сега Внатрешна контрола оди во Одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. И тука е суштината кајшто јас ја барам, Внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од Внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму Внатрешнна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши на граѓаните не се дават. Која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, не е политика и јас се борам граѓаните да бидат услужени – рече Бојманцалиев.

На новинарско прашање дали е можно пред летната сезона Грција да дозволи влез на граѓани со пасос со старото име на државата и тоа да биде направено со листови да влегуваат кај јужниот сосед, дополнителниот заменик министер самом кратко одговори дека Преспанскиот договор не предвидува таква опција и не може да се случи.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...