4 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија...

Почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија 1973-2024

spot_img

По кусо боледување, на 51-годишна возраст, денес во својот дом во Панчево, почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија.

Борче Величковски е роден на 29 август 1973 година во Крива Паланка, Република Македонија. Со неговата мајка од Македонија доаѓаат во Јабука, Панчево и таму продолжува да живее. Оженет е за Адела со која имаат три прекрасни ќерки. Неговото семејство живее во Панчево.

Борче Величковски е претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија во четири мандати 2010-2014, 2014-2018, 2018-2022 и 2022-2026 година, избран на електорски собранија.

Националниот совет е законска форма на културна автономија на националните малцинства во артикулацијата на нивните интереси пред институциите на власта на Србија и законска форма на месна самоуправа во заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот и историскиот идентитет на националните малцинства во Србија.

Националниот совет на Македонската заедница во Србија е формиран на 26 декември 2004 година, во првиот мандат до 2010 година претседател е Јован Радевски. Од 2004-2010 година, Борче Величковски е секретар на Националниот совет на Македонската заедница во Србија.

Борче Величковски е дипломиран менаџер по медиуми. Неговата работна кариера бележи 10 години работно искуство во стопанството, 10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизам во заштитата на човековите и малцинските права и слободи.

Бил раководител на секцијата “Синтеза“ во Хемиска индустрија Панчево (ХИП) Азотара (1998-2002 година), раководител на секцијата “Филтрирање на CО2“ во ХИП Азотара (2002-2007 година), уредник на списанието “Јабука“ (2001-2002 година), претседател на извршниот одбор на Националниот совет на Македонците во Србија (2005-2010 година), уредник на политичко информативната ревија на македонски јазик “Македонска виделина“ (2007-2009 година), заменик директор на Новинско-издавачката установа “Македонски информативен и издавачки центар” ДОО (2008-2009 година), вд директор и главен и одговорен уредник на Новинско издавачката установа “Македонски информативен и издавачки центар“ ДОО (2009-2011 година), претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија (2010-2014 година).

Бил член на Мешовитата меѓувладина комисија за следење на Спогодбата за правата на српското национално малцинство во Македонија и македонското национално малцинство во Србија (од 2010 година), субкоординатор на националните совети на националните малцинства на Србија (2011-2012 година), претседател на Координацијата на националните совети на националните малцинства на Србија (2012-2013 година), претседател на Координацијата на националните совети на националните малцинства за Автономната Покраина Војводина (од 2014 година), член на националните совети на националните малцинства на Србија (од 2010 година), член на работната група на Владата на Србија за изработка на Акционен план за поглавјето 23 во процесот на интеграциите во ЕУ (од 2015 година), член на Националниот совет на Македонците за Автономната Покраина Војводина (2004-2010 година), координатор на Одборот за култура на Националниот совет на Македонската заедница во Србија (2004-2006 година), претседател на КУД “Васил Хаџиманов” (2001-2007 година), директор на КУД “Васил Хаџиманов” (2007-2010 година), координатор на Националниот ансамбл за народни песни и игри на Македонската заедница во Србија “Тоше Проески” (2008-2009 година), портпарол на Демократски покрет за Панчево (2004-2005 година), потпретседател на Демократски покрет Панчево (2005-2006 година), претседател на Демократскиот форум на Македонската заедница во Србија (2007-2009 година), координатор на здруженијата за формирање на Сојуз на асоцијации на припадниците на Македонската заедница во Србија (2009-2010 година), претседател на Здружението на припадниците на македонското национално малцинство за Јужнобанатскиот округ “Вардар“ Панчево – подружница Јабука (2002 до 2004), Носител на листата “Македонци заедно“ 2010 и 2014 година за изборите за Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Автор на концептот “Македонски обединети сили” (МАКОС), Автор на Националната стратегија на македонската заедница во Србија 2013-2023 година, Иницијатор сооснивач и основач на голем број на организации на Македонската заедница во Србија.

Борче Величковски бил учесник, воведничар и предавач на голем број семинари, тракалезни маси и конференции на тема човечки и малцински права и слободи во организација на цивилни организации, државни органи на Србија и меѓународни организации.

Борле Величковски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои: Награда за интер-културен дијалог од Здружението на Евреите и нивните пријатели “Шалом Тора”, Високо признание за исклучителен придонес и заслуги на полето на афирмацијата и зачувувањето на правата на македонското национално малцинство во Србија – Наградата “Македонско сонце” и добитник е на Медал за заслуги за Македонија што му го додели претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорги Иванов.

За време на неговиот мандат како претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија, се разбира со средства од буџетот на Србија, формирани се: Новинско-издавачката установа “Македонски информативен и издавачки центар“, Националниот Ансамбл за народни песни и ора “Тоше Проески” кој сега функционира како Центар за заштита на традицијата и посебноста на Македонската заедница во Србија, Форумот на млади Македонци, Друштвото на интелектуалци Македонци “Лоби Клуб“, Фондацијата на македонската култура “Македонско сонце“, Друштвото на писателите Македонци во Србија, Друштвото на ликовните уметници Македонци во Србија, и Централната библиотека на Македонски јазик.

Покренати се емисии на електронските медиуми, како и низа манифестации од кои најпозната е “Себеси во походи“ признаена како манифестација од значење за Автономната Покраина Војводина и Република Србија, Денови на македонската култура во Белград, Нови Сад и Ниш, покренат е курсот за изучување на Македонскиот јазик “Добредојдовте на македонски јазик“, за од 2011 година да се започне и со изучување на предметот “Македонски јазик со елементи на националната култура“ претходно воведен во Законот за образование на Србија, оформени се драмски и рецитаторски секции, спроведени низа проекти како што е “Татковината чука на твојата врата”. Одржувани се прослави на Илинден, 8 септември, 26 декември, “Корени“ во Република Македонија, учествувано е на една цела низа локални манифестации.

Соработката со републичките, покраинските и локалните власти е поткрената на највисоко ниво, особено со Амбасадата на Република Македонија, а исто така и со сите највисоки институции во Македонија што резултираше помеѓу другото и со праќање на голем број студенти Македонци од Србија, стипендисти на студирање во татковината, воспоставени се одлични односи со највисоките функционери на двете земји што резултирше со нивни посети на Националниот совет, Македонскиот јазик е воведен во службена употреба во неколку места, во Статутот на Автономната Покраина Војводина Македонците се впишани како конституивен народ а не како останато малцинство, и уште многу други работи.

Македонско друштво “Илинден”–Тирана упатуваат искрено сочувство до семејството и Националниот совет на Македонската заедница во Србија по повод смртта на Борче Величковски.
Vesnik Ilinden

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...