14.7 C
Ohrid
вторник, мај 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОпштините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што кажа на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ова се предвидува со новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

<

Општина Центар при изработка на законското решение достави иницијатива во него да се вметне член со кој ќе се регулира конфискацијата на нелегално изградени објекти.

Во членот 66 од Законот е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на Општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.

„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, додаде Герасимовски.
Извор Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот на Васил: Ќе се жалиме, 12 години затвор се премногу !!!

Адвокатот и бранител на обвинетиот Васил Јованов, Сашко Дуковски, изјави дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна. Според Дуковски претходните вакви случаеви...

Таткото на Фросина по пресудата: Системот го штити совозачот Лорен кој е син на познат скопски кафанџија

Ако се завртите и ги видите илјадниците црвени раце, ќе кажам дека малку им беа. Следните протести ќе треба со црвени раце да го...

Таткото на Фросина: Багро една судска, затвор за судиите- ќе ве оставам без леб и без работа !!!

Кај ќе ви оди душата, Господ ќе ве казни“, им порача таткото на загинатата Фросина Кулакова на родителите на возачот Васил Јованов, кој е...

Судот одлучи: 12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на булеварот „Партизанска“ денеска во Основниот кривичен суд Скопје доби затворска казна од 12...