15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: ''За градоначалничките избори во Охрид има да згазиме''...

Николоски: ”За градоначалничките избори во Охрид има да згазиме”…

spot_imgspot_img

ВМРО ДПМНЕ се подготвува за локалните избори, изјави денеска од Охрид потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во моментот, според Николоски, има една отворена постапка на сумирање на јавно мислење и во партиската база и во поддржувачите на партијата, но и во пошироката јавност.

Тој е убеден дека во Охрид ќе имаат победа.

“За Охрид сум убеден дека ќе имаме победа, имаме навистина неколку сериозни кандидати што мислам дека можат да донесат победа во градот, а исто така ќе имаме и силна советничка листа, така што се надевам дека ќе имаме добар резултат. Не само како казна на она што го зборував претходно, за нереализирани големи инфраструктурни проекти, туку и како едно ветување за иднината, за добри работи кои што можат да се случуваат во градот. Очекуваме во текот на летото да ги комплетираме овие процеси и да ја запознаеме јавноста со решенијата“, изјави Николоски.

Во овој момент, како што рече Николоски, би сакале да видиме и предвремени парламентарни избори, секако тоа не зависи само од нас, треба да имаме консензус и со останатите политички партии или барем со мнозинството во Собранието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...