21.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОд 40 на 20 години затвор намалена затворската казна за Славе Илиев...

Од 40 на 20 години затвор намалена затворската казна за Славе Илиев од село Подлес, за убиство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Намалена е затворската казна за Славе Илиев (62 год) од селото Подлес, – Општина Градско, од 40 на 20 години. Апелација Скопје ја прифатила жалбата на одбраната и ја преиначила затворската казна на Илиев.

<

Обвинетиот, кој се товареше за убиство и нелегално поседување на оружје, го призна делото а во Основен суд Велес, каде беше прогласен за виновен од кривичниот совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, па му беше изречена долготрајна затворска казна во траење од 40 години.

Според обвинителството причина за кавгата која се случи на 12 јуни лани, во која смртно застрелан беше Миле Димов (42 год) а ранет Миле Воденичаров ( 44 год) била за водоводна инсталација.

На Јавна седница на Апелација Скопје, адвокатот Дејан Трајчевски, бранител на обвинетиот, кажал дека судот згрешил што определил максимална казна, според возраста на Илиев -62 год. со таква казна би излегол на слобода на 102, со што не се постигнувала целта на казнувањето, а не бил разјаснет ниту мотивот за постапувањето на Илиев. Апелациониот суд Скопје ги прифатил овие аргументи, дека со изрекувањето на ваква казна, таа се изедначува со изрекување на казна доживотен затвор.

Обвинетиот Илиев како и пред судот во Велес, така и пред Апелација, изразил каење и жалење за тоа што го сторил, кажал дека нема досега во животот ништо лошо сторено, ништо погрешно, не избегал од местото на настанот, се предал на полицијата кога таа дошла. Додал дека претходно имале нерасчистени односи со двете лица, што придонело да се случи кривично -правниот настан.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...