29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаИнфлуенсерот Моџо на кандидатска листа на ЗНАМ на Максим Димитриевски

Инфлуенсерот Моџо на кандидатска листа на ЗНАМ на Максим Димитриевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од најголемите инфлуенсери во Македонија, Божидар Божиновски (Моџо Килингтон), објави дека ќе се најде на петтото место на кандидатската листа за пратеници на партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски во изборната единица 5.
„Имам чест и задоволство да објавам дека овие избори ќе сум на листата на ЗНАМ на Максим Димитриевски како кандидат во 5-та изборна единица. Благодарам за шансата да имам можност да направам повеќе отколку само да критикувам од страна“, објави битолчанецот.
Божиновски додава дека политички е поттикнат да се активира, затоа што „му е доста да гледа како едни исти партии владеат и не прават ништо за да го променат општеството“.
„А има многу да се направи, има многу зошто овие избори треба да се активираме сите. Затоа што е доста 30 години да се надеваме дека најголемиите партии ќе се сменат и баш од овој пат ќе работат за народот. Затоа што доволно ја газеа кој ќе стигне Македонија. Затоа што државата ги остава децата да ги лечиме со смс пораки, затоа што имаме 600.000 гладни, 30% од населението ни е со еден оброк дневно. Затоа што ни треба правда и борба против корупцијата која го уништи нашето општество. Кога тоа ќе го решиме сме го решиле и здравство и образование и загадување и плати и пензии. Коренот на сите наши несреќи е во криминалот, корупцијата и недостатокот на правда. И Македонија нема да издржи уште четири години ништење ако не смениме нешто!
Ова ми е прв пат во политика и влегол или не, неважно, борбата за Македонија продолжува. ЗНАМ само едно – Македонија ќе победи!“, додава тој.
Фактор Мк

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...