1.9 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ќе работам ден и ноќ за да ги исполнам очекувањата на...

Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ за да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани

spot_img

„Очекувањата на мнозинството граѓани е да имаме европска Македонија, тоа се очекувањата на сите граѓани кои што сакаат држава со подобар економски стандард, подобро владеење на правото, помалку корупција, подобри услуги за граѓаните“, порача Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред почетокот на вечерашната емисијата „Дуел за Македонија“, на Канал 5 телевизија.

<

Притоа, Ковачевски порача дека претстои период во кој ќе има многу работа, но дека со напорна работа нема недостижна цел.
„Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ“, рече Ковачевски.

„Не постои друга алтернатива за Северна Македонија освен да стане држава каква што ја посакуваат граѓаните, односно да бидат донесени позитивни промени. И ме радува фактот што најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. Ние како партија и јас како претседател на СДСМ докажавме дека со нас, Македонија стана членка на НАТО, дека Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ. Доколку го добијам мандатот односно можноста уште еднаш да бидам претседател на Владата, тогаш можам да им ветам дека ќе работам ден и ноќ напорно за да го оствариме тоа што сите го очекуваат, а тоа е Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Не само заради членство, туку заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар економски стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата.

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште...

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...

Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера...