32.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаTурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на аеродром

Tурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против која е поведена постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

<

Странската државјанка, на 8 април пристигнала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Истанбул, но при пасошка контрола било констатирано дека не исполнува општи услови за влез во државата.

Полициски службеници ја упатиле во меѓузоната на аеродромот за да го чека следниот лет за враќање во Истанбул. Меѓутоа, таа станала агресивна, започнала да се заканува на аеродромското обезбедување, фрлала со столици, по што неколку полициски службеници морале да интервенираат.

Осомничената продолжила и нив да им се заканува и да ги навредува, а еден полицаец физички го нападнала и го удрила.

Предлогот за определување мерка притвор е поднесен поради опасност од бегство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...