24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски предизборно ветува: Имаме визија и јасен план да ја внесеме Македонија...

Ковачевски предизборно ветува: Имаме визија и јасен план да ја внесеме Македонија во ЕУ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние имаме визија за иднината, ние имаме волја, знаење, храброст, имаме план како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски

<

Тоа е почитувани и клучното прашање на овие избори. Кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ а кој е проив ЕУ? Тоа е изборот пред граѓаните. Надеж за подобра европска иднина со СДСМ, соСтево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО – ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Тоа е јасно како ден. – рече Ковачевски

Ние покажавме храброст и државнички капацитет. Тие покажаа кукавичлук и неодоговорност кон најважаното – иднината на државата. Ние носевме одлуки за подобро утре за сите наши граѓани – тие блокираа. Иако беше многу тешко, успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура. – посочи Ковачевски

Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Но колку и да е тешко, ние имаме волја да работиме. Колку и да е тешко сепак постои начин, постои вистинска шанса за драстична и стуштинска промена. – беше дециден Ковачевски

Ние веќе покажавме дека кога ќе ветиме зголемување на платите и на пензиите, тоа и го правиме. Но потребна ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...