21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонската Традиционална Таеквон-до Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ елита во Копер–Словенија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската Традиционална Таеквонд-о Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ елита во Копер–Словенија

<

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион , од 15.04 – 22.04 2024 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Копер–Словенија
Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид , Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Копер–Словенија. Нашата репрезентација ќе ја претставуваат десет членови од кои три официјални лица, од кои едниот е и тренер и официјлано лице, двајца тренери, и шест натпреварувачи.
Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан
Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф
Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф
Давид Велковски, национален тренер црн појас I дан
Боите на нашата држава ќе ги бранат:
Христијана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниорки 14-15 години во две дисциплини , форми црн појас I дан, борби – 55 кг. (државен првак во борби и актуелна Евроспка шампионка од Јесоло-Италија 2023, бронзен медал во борби од Светско првенство од Астана Казахстан2023 година, европска вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.
Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 63 кг. (државен првак во борби и форми , европски вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)
Елена Јанеска, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 70 кг. (државен првак во борби и форми, европска вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
Марио Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори 18-35 години во спаринг борби – 58 кг. (државен првак во борби )
Софија Колушоска, црвен појас , ќе се натпревараува во јуниорки 14-15 години во две дисциплини , форми за црн појас I дан, борби – 55 кг. (државен првак во форми )
Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 16-17 години во спаринг борби – 69 кг. (државен првак во борби )

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи . Тројца од нашата екипа Христијана Парулеска, Елена Јанеска, Давид Крстески се освојувачи на европски медали од Европски првенства, Владимир Димитриевиќ , Софија Колушоска се стигнати до четвретфинале на Евроспко првенство, додека Марио Крстески кој е освојувач на многуброји меѓународни медали ,ќе дебитира за прв пат на Европско првенствово сениорска конкуренција . Сите членови во текот на припремите , упорно се спремаа со цел да ја претсават нашата држава во најубаво светло, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство, сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф и предводник на нашата репрезенатција.
Исто така , Марјанчо Лазаревски корисити прилика да изрази најголема благодарност на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни досегашни успеси и за нивниот настап на ова Европско првенство,истотака најголема благодарност до Агенцијата а млади и спорт и општината Охрид, кои истотака се заслужни за нивниот настап на ова Европско првенство и вреднувањето на нивниот спорт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...