16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСилјановска Давкова: Химната ни е запишана во генетскиот код

Силјановска Давкова: Химната ни е запишана во генетскиот код

Морам да кажам, Бутел го прави горд Дејан Ѓеоргиевски. Ете ја едноставната формула за гордост: Кога сте вицешампион на Олимпијада, а доаѓате од една мала земја! Кога го пречекувавме сите бевме горди! Ако сте врвни во спортот таму нема да има мали и големи! Истото е со културата, истото е со образованието, истото е со науката! Ако како Дејан Ѓеоргиевски, сите во своите области се најдат таму каде што треба, Македонија ќе биде горда држава! Држава на сите што знаат да се самопочитуваат. Дејан заслужува самопочит и почит. Сигурно сите во светот го почитуваат и сите прашуваат од каде е, истакна на денешниот митинг пред бутелчани кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Таа посочи дека за разлика од други, тие слободно, и со ум и со срце можат да одговорат од каде се и затоа се побогати од нив!

-Посакувам, кога Дејан победува и химната да ја слушаме со гордост! А, секогаш кога ја слушам сфаќам дека ни е запишана во генетскиот код! Не е случајно заради предизвиците со кои се соочувале оние пред нас, се соочуваме ние и се соочуваат оние другите. Таа постојано не потсетува на суштината на борбата за право, за правда, за самостојна и независна држава – Македонија! Тоа е нашата предност! Кога не можете нешто слободно да го изговорите, тогаш ќе виете ора. Ама знаете што е проблемот? Ме чуди како тие луѓе кога играат на ората, а зад нашите ора има многу тежина и зад нив има песни со тешки зборови, како не се срамат?! Оти нема песна во која некој не плаче за Македонија, во која некој не се радува за Македонија, во која некој не се жени, не се мажи за Македонија, се е врзано со неа! Па, затоа понекогаш избегнуваа целата химна да ја слушаат и сечеја стихови или пак прескокнуваа и се најдоја во тешка конфузија! Зошто? Зашто народот ги оценува по тоа колку се блиски до него. Зашто кога се пее химната народот стои стамено, се враќа назад, се сеќава на сегашноста, оди напред! А тие имаат сериозен проблем!

Затоа ние ќe продолжиме да си ја пееме химната! Ќе ги охрабруваме и оние по нив. А ако власта се смени, а мора да се смени, ќе мораат да ја слушаат и секој ден! Колку повеќе ќе ја слушаат химната, толку повеќе ќе се срамат, истакна Силјановска Давкова.

Таа нагласи дека и ние ќе бидеме горди на себе, ама тие ќе се чувствуваат поинаку од нас!

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...