28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: По 8-ми мај ќе има економски бум, наместо потрошувачка ќе се...

Мицкоски: По 8-ми мај ќе има економски бум, наместо потрошувачка ќе се стимулираат инвестиции и пари во реалниот сектор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мораме да обезбедиме пари ако сакаме да ги креираме овие 55.000 работни места односно тие пари да влезат во бизнисот за да може реалниот сектор да ги креира. Многу од бизнисмените, многу од луѓето од реалниот сектор ми велат, имаме потреба од луѓе, имаме потреба од нови вработувања, сакаме да ги платиме, имаме побарувачка од нашите комитенти, но за жал во овој период сме, би рекол во гард, затоа што прво сме несигурни со бизнис амбиентот што владее во државата во целост. И второ, она што за нас е важно е дека практично не владее правото и законите насекаде, кажа претседателот Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

<

Тој нотира дека како идна влада нема намера да се занимава со стимулирање на потрошувачката, туку со стимулирање на инвестициите и тоа е начинот на којшто ќе се зголемат параметрите, кои ќе треба да носат повеќе приходи во буџетот, а од друга страна да има контролирани расходи, што пак ќе значи раст на БДП.

Претседателот рече дека за изборното ветување за креирање на 55 илјади нови работни места, веќе разговарал со пријатели коишто се дел од структурата на инвестициски финансиски фондови, држави од каде што очекуваат исклучителна поддршка и помош.

Тој исто така потенцира дека парите од ветувањето за покачување на пензиите за 5.000 денари во првата година од мандатот се веќе обезбедени преку димензионирање на проектите и програмата со која истапи ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...