4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство...

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

spot_img

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова Европско првенство учествуваа над 1000 натпреварувачи од 34 земји.Нашата рерпезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со шест натпреварувачи, двајца тренери и две официјлани лица. Конкуренцијата беше преголема , доминираа големите репрезентации , а покрај тоа доминараше и пристрасноста на судиите која беше во корист на големите репрезентации. Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано досега , каде од старт бевме оштетени од ждрепките , без право на приговор и корекција.
Давид Крстески кој еден од нашите најдобри натпреварувачи, ја оправда нашата доверба и докажа дека е врвен спортист осовјувајќи го бронзениот медал во спаринг борби, јуниори 16-17 год. – 63 кг. Во борбата за медал, Давид Крстески доминантно ги победи претстваниците на Англија и Бугарија, со што се пласира во полуфинале, каде се бореше со вториот претставник на Бугарија, со водство преку целата борба, но на 10 секунди од крајот судиите направија пресврт и му ја одзедоа шансата за сребрен или златен медал на нашиот претставник. Давид Крстески беше пофален од сите што ги гледаа неговите борби и многу од нив кажаа дека во него гледаат иден светски шампион, поради неговата смиренсот, дисциплина и техника.

<

Христијана Парулеска нашата минатогодишна Европска шампионка ги победи претсавничките на БиХ и Англија, додека во четвртфинале со претставничката од Германија ја загуби борбата поради неочекувани женски проблеми. Елена Јанеска исто како минатата година за жал не успеа да ги победи судиите, што ова и трет последователен натпревар од ваков калибар да губи од страна на судиите. Владимир Димитриевиќ покрај прекрасната прва борба , во втората борба беше приморан да го заврши натпреварувањето поради повреда по инсистирање на докторската екипа, Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен Евроспки Шампион, но изгуби поради недоволно искуство, додека Софија Колушоска беше совладана од тремата.

Како мала репрезентација сум сепак презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова Петто последователно Европско првенство на М.Т.Т.Ф. каде континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации. Затоа користиме прилика да се заблагодариме на Генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој е најзаслужен за сите наши успеси и за нашиот квалитет, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид кои несебично го помагаат нашиот спорт, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...