9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

spot_img

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974.

<

На локалните избори во 2021 кога СДСМ изгуби во цело Скопје освен во Општина Центар, нивниот кандидат за градоначлник Петре Шилегов во вториот круг освои 86.698 гласови, а Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ 118.749.

Во првата Изборна единица СДСM освои 25.730 гласови и доби само трoјца пратеници. Од оваа изборна единица во Собрание влегоа претседателот на партијата Димитар Ковачевски кој беше носител на листа, Моника Зајкова од ЛДП и Даниела Николова од СДСМ. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој беше четврти на листата, нема да биде пратеник во наредниот собраниски состав.

Во првата Изборна единица, каде носител на листата беше лидерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и 10 пратеници.
Во скопските општини што влегуваат во втората Изборна единица Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и дел од Чаир, СДСМ освои 10.117 гласови. Во втората изборна единица СДСМ доби само двајца пратеници, Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи.

ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини во втората изборна единица каде носител беше Владо Мисајловски 47.782 и 8 пратеници. Вкупно на територија на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ освои 123.974 гласови.

ДАНЕЛА АРСОВСКА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОСВОИ 1.571 ГЛАС ВО СКОПЈЕ КАДЕ Е ГРАДОНАЧАЛНИЧКА
Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места и 431.251 гласови, коалицијата на ДУИ 19 пратеници и 137.486 гласови, СДСМ има 18 мандати и и 153.250 гласови, ВЛЕН 13 и 106.991 гласoви, Левица 6 со 67.338 гласови и ЗНАМ 6 пратеници со 55.539 гласови.

ОД 500 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ВО 2002 ГОДИНА, СДСМ СПАДНА НА 150 ИЛЈАДИ..

Sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...