16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПо Џафери и Арсовска, ни ЈП Паркови и зеленило не се надлежни...

По Џафери и Арсовска, ни ЈП Паркови и зеленило не се надлежни за тревата во Влада

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниту ЈП Паркови и зеленило немало склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата, информираат од таму по реакциите во јасноста и кавгата помеѓу техничкиот премиер, Талат Џафери и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа кој треба да ја искоси тревата во дворот на Владата. Градоначалничката на Скопје, Арсовска пред три дена на Џафери му порача дека ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Претходно Џафери посочи дека Скопје и ЈП Паркови и зеленило не ја искосиле тревата во дворот на Владата и тој личи на џунгла.
Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, велат од ЈП Паркови и зеленило.
Мкд.Мк

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...