9.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПотпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“.

<

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“.

Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Иако внатрепартиските избори практично значат дека цело раководство е во оставка, сепак Ковачевски не поднесе оставка на јасен и недвосмислен начин. Сепак, тоа го направија дел од членовите на најтесното раководство, меѓу кои прв беше Битиќи.

„Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, напиша Битиќи.

Според него, неговиот чин претставувал апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

„Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции“, напиша Битиќи.

Инаку, Битиќи беше на врвот на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица веднаш после Оливер Спасовски и стана дел од новиот парламентарен состав, меѓутоа во пакет со оставката од партиската функција не поднесе оставка и од пратеничката функција.

Според нашите добро упатени соговорници, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието.

Меѓутоа, дознаваме дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...