19.2 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно истражување кое се обидува да одговори на прашањето – зошто луѓето создаваат музика?
Од чисто биолошки аспект, Дарвин ја сметал музиката за една од најмистериозните човечки активности – од една страна сите заедници ја создаваат и уживаат во неа, од друга таа навидум не нуди некаква предност за нашиот опстанок. Тој сметал дека таа еволуирала како начин да се привлечат потенцијални репродуктивни партнери, како придружба на симболичката или вистинска борба за нивното внимание.

<

Други викторијански научници биле скептични – психологот Вилијам Џејмс велел дека музиката е само нуспојава на тоа како ни работи мозокот односно дека е „само инцидентен бизарен производ на нервниот систем“.
Како што пишува Њујорк Тајмс во своето издание од 15.5., дебатата продолжува до денешен ден. Едни развиваат нови еволутивни објаснувања на музиката, а други се држат до ставот дека таа е чисто културолошки изум, како пишувањето, и дека не ѝ била потребна природна селекција за да опстои.

Во последниве години, научниците ги тестираат овие идеи служејќи се со голем број податоци. Тие анализирале акустични својства на илјадници песни снимени во десетина култури. Тим од 75 истражувачи, меѓу кои и нашиот етнолог Александар Арабаџиев со потекло од Радовиш, неодамна објавија статија за која сите тие испеале песни од нивните култури.

Интердисциплинарниот тим извел песни на 55 јазици, меѓу кои арапски, баскиски, чероки, маори, украински, јоруба и – македонски. Според нив, сите овие песни имаат заеднички елементи кои отсуствуваат во говорот. Ова покажува дека можеби навистина има нешто универзално во музиката, за сите луѓе, кое едноставно не може да биде објаснето само преку културата. Уште повеќе, нашите мозоци изгледа дека се посебно сензитивни во однос на овие одлики. Во 2022 беа откриени човечки неврони кои реагираа само на пеење – а не на говор или на музика свирена на инструменти. Тоа е акустичен сигнал на кои нашите мозоци се навикнале во текот на еволуцијата. Можеби неговата функција била да ја подобри групната кохезија, со пеење во хорови, споделувајќи ритми и мелодии, како начин на прослава или подготовка за битка?

Off.net.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...