19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонија„Пописен фалсификат за Македонците во Албанија-На пописот излегоа повеќе Бугари од Македонци...

„Пописен фалсификат за Македонците во Албанија-На пописот излегоа повеќе Бугари од Македонци !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа” ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември.

<

„Бројот на Македонците и Бугарите и се груб пописен фалсификат“, се вели во реакцијата на Друштво Преспа.

Според информациите на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ), во Албанија живеат 2.281 „северномакедонци” (на пописот во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци) и 7.597 Бугари (на пописот во 2011-0).

„Во Албанија етнички Бугари нема. На ниту еден попис од 1912 до 2023 година на целата територија на Албанија не се попишал ниту еден Бугарин. Протестираме до претседателот, Собранието и Владата на Албанија затоа што подлегнаа на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, ако Тирана не впиши Бугари во Законот за националните малцинства и доколку не декларира Бугари на последниот попис на населението.

Упатуваме остри критики и до општинската управа на Пустец и до градоначалникот кој беше сервилен кон бугарската пропаганда и кон бројните посети на бугарски претставници кои доделуваа материјална помош за општината Пустец, а се знаеше дека Софија тоа го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија.

На пример, градоначалникот присуствуваше на прием на бугарската амбасада во Тирана, на бугарската фондација „Бугарска памет“, прифати материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се Бугари.
Европската Унија мора да преземе мерки против Република Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се Бугари по потекло.

Најавуваме дека ќе организираме неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го стори Грчката заедница во Албанија.

Бараме и македонската Влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да преземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...