25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЧовекот не умира кога ќе почине, туку тогаш кога ќе го заборават-...

Човекот не умира кога ќе почине, туку тогаш кога ќе го заборават- Денес се навршуваат 10 години од трагичната смрт на големиот Иљо Лопатички.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!
Човекот не умира кога ќе почине, туку тогаш кога ќе го заборават.
Но хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно во нашите срца.
Денес се навршуваат 10 години од трагичната смрт на нашиот сограѓанин – големиот Иљо Лопатички. Општина Могила, неговите сожители, роднини и пријатели вечно ќе го паметат.

<

Иљо е истакнат жител на општина Могила, кој во својата богата кариера станува командир на специјалната единица за посебни намени во МВР.
Иљо Лопатички е роден 1968 година во Битола. Своето основно образование го стекнал во нашето училиште во с. Могила. Завршил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, Босна и Херцеговина, а дипломирал на воената воздухопловна академија во Задар, Хрватска во 1990 год.

Својата богата воена воздухопловна кариера ја започнал во Ниш, во 1990 год. како борбен воен пилот.
Во 1992 год. доаѓа во Скопје во АРМ, како борбен воен пилот. Уште кога бил на Академија, на дополнителна обука, оспособен е за летање со тип на хеликоптер наречен Газела, а потоа и борбена Газела и затоа подоцна станува борбен воен пилот.
Во рамките на кариерата во АРМ ги лета воените хеликоптери МИ 8, МИ 17, МИ 24 и за истите станува инструктор.
Во АРМ останува до 2002 год., стигнува до ранг подполковник и учествува во воениот конфликт во 2001 година.
Во 2002 година, Иљо Лопатички својата кариера ја унапредува во воздухопловната единица за посебни намени во МВР. Тука во 2009 година добива звање-командир на специјалната единица за посебни намени во МВР.
Во МВР ги лета воените хеликоптери БЕЛ 212, БЕЛ 306, БЕЛ 412, МИ 17 и станува инструктор за истите.

Иљо Лопатички својата кариера ја завршува во МВР во 2014 година кај Струмица на кобниот 10 јули.

Всушност, Иљо Лопатички
ги достигнал највисоките чинови што можат да се достигнат во воената воздухопловна кариера.

Ние, жителите на општина Могила, се гордееме со него и секогаш ќе се сеќаваме и на неговите ниски надлетувања над Могила, како поздрав кој Илко често ни го праќаше преку звукот на неговиот хеликоптер, кога беше на задача во околината на Могила и Битола.

Општина Могила вечно ќе ги памети и чествува неговиот лик и дело!

Слава му!
Ддаганчо Саботковски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...