1.7 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанецот на малолетните деца им направил коктел со таблети, па откако паднале...

Скопјанецот на малолетните деца им направил коктел со таблети, па откако паднале во бесознание ги оставил така..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Алкохол во комбинација со антидепресиви. Тоа е коктелот кој четириесетгодишниот скопјанец им го дал на четирите деца кои престојувале во неговиот дом. Обвинителството попладнево поднесе кривична пријава против него и тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Основен кривичен

<

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови “тергатол 200 мг”, “запира 10 мг” и “дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение“, стои во соопштението на Обвинителството.

Што точно се случувало во четвртокот навечер засега не е познато, но во петокот околу 14 часот во домот на четириесетгодишниот скопјанец ќе дојде полиција на повик од соседите кои забележале дека нешто невообичаено се случуива во неговиот дом.

Истрагата утврдила дека тој нашол две деца во дневната соба кои биле во бесознание но не им помогнал.

„Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта. Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош“, соопштија од Обвинителството.

Од МВР соопштија дека малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди.

Од клиниката за Токсикологија соопштија дека нивната здравствена состојба се подобрува и дека се надвор од животна опасност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...