15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски од Охрид: Започнуваат значајните проекти кои им беа ветени на граѓаните.

Мицкоски од Охрид: Започнуваат значајните проекти кои им беа ветени на граѓаните.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес сум во Охрид каде започнуваат значајни проекти ветени на граѓаните.

<

– Ветивме и остваруваме – камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволува потребите на учениците од ова училиште. Инвестицијата е вредна 30 милиони денари.

-Целосна реконструкција на ул. 7ми ноември, (влез на Охрид од кај Битола). Целосна реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вредност на проектот е над 43 милиони денари.

-Изградба на детско повеќенаменко спортско игралиште во населба Видобишта. Овде е опфатена изградба на целосно ново детско игралиште со специјализирана гумена подлога од 230м2. Игралиште (фудбалско и ракометно) на површина од 1320м2 исто со специјализирана гумирана подлога.

Работиме за граѓаните.

Државата создава за луѓето.

Остваруваме
За тебе!

#МакедонијаЗаТебе

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...