14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична пријава против полициски службеник за кривично дело „убивање и мачење животни

Кривична пријава против полициски службеник за кривично дело „убивање и мачење животни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава против полициски службеник за кривично дело „убивање и мачење животни“

<

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало. По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...