9.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОбезбедувањето на Гаши, помагајќи ѝ на косовската претседателка, вперило пиштол кон аеродромското...

Обезбедувањето на Гаши, помагајќи ѝ на косовската претседателка, вперило пиштол кон аеродромското обезбедување

Тежок вооружен инцидент утрово се случил на аеродромот ТАВ. Член од обесбедувањето на Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата, пренесува Телма.

Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.

Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката.

При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин.

Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот.

Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако...

Месечните трошоци пониски за 57 денари, министерот Дурмиши е уверен – со ограничените маржи граѓаните заштедиле.

Месечните трошоци паднаа за само 57 денари, кај храната и пијалоците се намалени за нешто над 900 денари, но и покрај ваквите скромни бројки...

Јанушев: Бугарите во Уставот не е проблем, бараме да имаме гаранции дека нема да излезат 150 барања!

Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, е гостин во „Дејли Клик“ на ТВ21. Тој кажа дека внесувањето на Бугарите во Уставот воопшто не е...

Каневчев: Поима немав дека Акиф Равманоски бил шеф на некаков клан

„Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на...