19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИман Келиф: Јас сум силна жена. Ова злато е одговор на сите...

Иман Келиф: Јас сум силна жена. Ова злато е одговор на сите што се против мене

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Алжирката Иман Келиф (25), една од двете боксерки во центарот на спорот за полот на Олимписките игри (ОИ) во Париз, освои златен медал во категоријата до 66 килограми. Во финалето таа со едногласна одлука ја победи Лиу Јанг од Кина.

<

Интернационалнио олимписки комитет (ИОК) и дозволи на Келиф да се натпреварува во женска конкуренција, иако минатата година Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ѝ забрани да настапи на Светското првенство (СП). заедно со Лин Ју-Тинг од Тајван, финалистката во перолесна категорија на ОИ.

Ова беше направено со образложение дека ДНК тестовите докажале дека имаат XY хромозоми и вишок тестостерон. Поради ова, многумина ја обвинуваат дека всушност е маж.

Но, со оглед на тоа што ИБА не го организираше олимпискиот боксерски настан во Париз, ИОК потврди дека е среќен што обајцата борци се натпреваруваат според помалку строгите правила за подобност по пол кои беа во сила за Игрите во Токио 2021 година.

За многумина стана сомнително како е можно Келиф да се натпреварува на женски турнир. Многу е напишано за нееднаквоста во односот меѓу неа и нејзините ривалки, притоа заборавајќи на две работи.

Таа веќе настапи на ОИ во Токио, каде што по победата во првиот меч беше поразена во четвртфиналната борба. Зад неа се и професионалните борби со сооднос кој не влева страв во коските.

Таа нема загубено борба од 2022 година, но има изгубено вкупно девет. Поточно, нејзиниот сооднос победи-порази на аматерско ниво е 37:9. Далеку е од непобедливост, а уште подалеку ако се погледне само што прави таа како професионалец.

Келиф пристигна во Париз со скор 9:5 и два пораза од ирските боксерки, Кели Харингтон во четвртфиналето во Токио и во финалето на СП 2022 година од Ејми Бродхарст.

Родена како девојче во сиромашно семејство, алжирскиот амбасадор на УНИЦЕФ најпрво сонувалаж да стане фудбалер. Таа подоцна се вљубила во боксот и покрај противењето на нејзиниот татко, кој тврдел дека тоа не е спорт што треба да го прават девојките.

Сега таа го доживеа најголемиот успех што може да го постигне еден спортист. „Јас сум силна жена. Жена со посебна сила. Фала му на Бога, ова е мојот одговор. Ова злато е одговор на сите што беа против мене“.

Потоа зборуваше за тоа како станала национална хероина чии натпревари се гледаат низ целата земја на големите екрани.

– Горда сум што ги извадив Алжирците на улица. Тоа е голема чест. Ова е медал за целиот арапски свет. Благодарам Боже и ви благодарам на сите, не можам да ви опишам колку сум благодарна што ја слушам целата земја како ја пее национална химна со мене, изјави Иман.
Извор Спорт Клуб

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...