23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема борба да се спаси гробот на Ѓорѓи Сугаре и манастирот Свети...

Голема борба да се спаси гробот на Ѓорѓи Сугаре и манастирот Свети Ѓори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски и рамничарски терени во општина Новаци, вечерва се шири кон селото Паралово и манастирот „Свети Ѓорги“ под кого е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев и шестмина негови Комити.

<

Отецот и членството од црковниот одбор преку социјалните мрежи упатија апел да се испрати градежна механизација за да се запре развојот на огнената стихија кон манастирот. Пожарникари доброволци кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Новаци, велат дека огнот е стигнат на сртот над манастирот и дека има ветер со променлив правец. На терен се дваесетина доброволци и пожарникари, противпожарната единица од РЕК, а се упатува и градежна механизација.

Од ЦУК изјавија дека линијата на огнот во Новаци се простега на десетина километри, дека гори во нeпрoоден терен и нискостеблеста вегетација. Градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски рече дека големиот пожар настанал од гром при локално невреме пред некој ден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...