6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Во НАТО влеговме како Македонци, така и ќе влезиме во...

Оливер Спасовски: Во НАТО влеговме како Македонци, така и ќе влезиме во ЕУ.

spot_imgspot_img

Уште во првите денови од мандатот, јасно ги поставивме нашите цели кои за овие четири години во целост ги реализиравме, посочи вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Делчево.

Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните, порача Спасовски.

Тој посочи дека токму оваа Влада ја реализираше една од двете стратешки цели, а тоа е влезот во НАТО со заштитен македонски јазик и идентитет.

– Денес ние го живееме сонот на нашите претци, живееме во самостојна, слободна и демократска држава. Станавме 30 земја членка на НАТО, дел сме од најмоќниот воено-политички сојуз. Во НАТО влеговме како Македонци, со македонски јазик и идентитет. Да знаете дека сега се мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат, како Влада преземаме одговорност, дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа не отстапуваме, истакна Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...