22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаНе го пoслужиле бидејќи бил во влечки – штипјанецот Пашиов реагира на...

Не го пoслужиле бидејќи бил во влечки – штипјанецот Пашиов реагира на дискриминација во кафич

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не го послужиле бидејќи носел влечки, штипјанецот Пашиов вели дека бил дискриминиран и не му било дозволено да се напие кафе во угостителски објект во централното градско подрачје во Штип. Тој заедно со неговите внуци од Германија отишле во кафичот, ама келнерот му кажал дека треба да го напушти местото бидејќи е во влечки. Се почувствував дискриминирано – вели тој бидејќи имаше и други гости во објектот кои носеа влечки.

<

„Келнерот дојде и кажа дека морам да го напуштам локалот, оти вели не сте соодветно облечени. Бев облечен во влечки, а моите влечки се сандали. А, видов пред мене во непосредна близина имаше луѓе кои беа во влечки. Се почувствуав дека сум дискриминиран.“ – вели Пашиов.

Останува нејасно за него која е вистинската причина поради која бил истеран од локалот во Штип. Боја на кожа, нација или вера – вели непознато е што било пресудно тој и неговите внуци да не можат да се напијат кафе. Сега бара сите надлежни институции да ја испитаат работата, и соодветно да реагираат.

„Вака трогателно бев навреден, и тоа бев навреден пред внуците кои дојдоа од Германија. Ова се однесуваше само за мене и моите внуци. Не знам дали се гледаше преку нација, преку вера не знам.“ – додава Пашиов.

Додава дека сите луѓе треба меѓусебно да се почитуваат без разлика на вера, нација или боја на кожа. Во спротивно се покажува дискриминација која е далеку од добра и прифатлива.
Видео Тука https://youtu.be/I9i1Pulc_2g?list=TLGGM4WZlQ9Us_wxMjA4MjAyNA

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...