30.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаГаши бил по невеста во Косово поради обичаите, велат од „Вреди“

Гаши бил по невеста во Косово поради обичаите, велат од „Вреди“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ваквите ситуации во кои редица возила одат по невестата е дел од обичаите што на секоја свадба, албанска или македонска, се спроведуваат. Не гледам нешто лошо да се спроведе конкретен обичај на еден народ“, велат од „Вреди“
Не гледам ништо лошо во свадбените обичаи на еден народ, рече портпаролот на владејачката коалиција „Вреди“, Фари Исени, откако денеска му беше поставено прашањето – дали претседателот на Собранието, Африм Гаши, морал со службени возила и обезбедување да оди во колона заедно со други приватни возила по невеста во Косово.

<

Портпаролот на „Вреди“ рече дека нема информации дали на колоната на Гаши ѝ се придружиле и приватни возила, но смета дека формирањето колона возила што одат по невестата е дел од свадбените обичаите.

„Ваквите ситуации во кои редица возила одат по невестата е дел од обичаите што на секоја свадба, албанска или македонска, се спроведуваат. Не гледам нешто лошо да се спроведе конкретен обичај на еден народ“,

рече Исени.
Според „Вреди“, собранискиот спикер Гаши нема избор и мора секаде да оди со службено обезбедување.

„Станува збор за второ лице на државата. Законските прописи го регулираат тој момент. Претседателот на Собранието, каде и да отиде, неопходно е да биде во придружба на обезбедувањето. Така што и во конкретниот случај самата постапка не е надвор од законските и е во хармонија со тој стандард“,

тврди Исени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот.

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според информации на М Нет-ТВ лицето било во алкохолизирана состојба, а се уште не е јасен...