18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаРаспеаниот камионџија Андруш е на интензивна нега, се собираат донации за негово...

Распеаниот камионџија Андруш е на интензивна нега, се собираат донации за негово лекување!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

АПЕЛ за помош за распеаниот камионџија Андруш по сообраќајна несреќа

<

Ресенчанецот Андруш Ангелковски, кој стана популарен во регионот со неговите распеани видео снимки, додека вози камион, се наоѓа на интензивна нега на скопските клиники, откако доживеал сообраќајна несреќа со мотор.
Несреќата се случила на патниот правец Ресен – Охрид, а поради тежината на повредите, на Андруш му следел долг период на закрепнување, поради што не ќе можел да работи.

Затоа, со цел да му се помогне финансиски, да се платат сметките за лекување, а потоа и за рехабилитација, негови пријатели отвориле сметка за донации.

Истата е достапна на платформата gofundme.com, на која може да се донира од странство, а потребната сума која е наведена изнесува 20.000 долари. До објавата на текстот, собрани се над 6.000 долари.

Камионџијата стана доста популарен пред неколку години, кога објави видео од кабината на својот камион, додека вози низ Америка, и пее песна од Наум Петрески. Емотивната изведба го привлече вниманието на јавноста, па за името на Андруш набргу се слушна во целиот регион.

Потоа, неговите видео снимки со изведби на популарни песни започнаа масовно да се споделуваат на социјалните мрежи, па тој дури и гостуваше на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” пред неколку години, каде настапи заедно со Наум Петрески. Потоа, двајцата го снимија дуетот ,,Песна за верни другари”.

линк за донации

https://www.gofundme.com/f/support-andruss-recovery-from-car-accident?utm_campaign=fp_sharesheet_ai&utm_content=amp9v1&utm_medium=customer&utm_source=instagram_feed

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...